Родителите на предвреме родено бебенце создадоа прекрасно видео за да го прослават неговиот прв роденден.
Малечкиот Џек тежел само 650 грама кога се родил, но тоа не ја намалило неговата желба за живот. На 24 септември тој ја дувна својата прва роденденска свеќа.
Во видеото се прикажани важни моменти од првата година на Џек како првата прегратка со мајка му (16 дена по раѓањето) и татко му (20 дена по раѓањето), првото отворање на очите, првата цуцла, првото капење, првото дишење без помош, првото хранење со шише, првиот Божиќ, првиот ден дома и првата лажичка цврста храна.
Видео
Мери Гриер, мајката на Џек, била во 11-тата недела од бременоста кога дознала дека носи близнаци. Но, животот решил да си поигра со среќата на Мери и нејзиниот партнер Бред. За време на ултразвук во 20-тата недела од бременоста, парот дознал дека нивните два сина делат иста плацента. И покрај тоа што Мери била подложена на операција, Грејсон, едното од бебињата не преживеало.
Мери се породила во шестиот месец од бременоста. Нивниот син Џек тежел само 650 грама, бил долг 33 сантиметри и имал 50/50 шанси за да преживее. Тој ги поминал првите 4 месеци од својот живот во болница, успешно надминувајќи ги сите пречки кои стоеле на неговиот пат.
Во јануари, по 111 дена поминати во болница родителите за првпат го одвеле малиот Џек дома.
Мери и Бред го создале видеото за да им влеат надеж на родителите кои минуваат низ иста ситуација како нив и беспомошно ги гледаат своите малечки како се борат да преживеат на некој од одделите за неонатална интензивна нега.