Почетна » Новости » Животни стории » „Имав тешка депресија. Исто ми беше и живот и смрт“: Дино Мерлин се отвори за тежок период од животот

„Имав тешка депресија. Исто ми беше и живот и смрт“: Дино Мерлин се отвори за тежок период од животот

Дино Мерлин се отвори за борбата со тешка форма на депресија и за моментите кога сакал да се откаже од музиката. Снимката, која деновиве кружи на социјалните мрежи низ Балканот, е исечок од интервју на 59-годишниот босански пејач за HRT од март минатата година.

„Ова за првпат ќе го кажам. Во еден период од мојот живот бев тешко болен, имав една тешка депресија. Тоа не би го посакал никому... Апсолутно ништо не ме интересираше. Исто ми беше и живот и смрт. Едноставно, бев само билка. И тоа беше период кога сакав да ја напуштам и музиката. Тогаш сè ми паѓаше на памет. Но, ете по некое чудо се извлеков“ – вели балканската ѕвезда која со децении е на музичката сцена.

Дино е роден во Сараево под името Един Дервишхалидовиќ. Неговите родители се разведоа кога тој имаше само 7 години и неговиот татко ги напушти и двајцата. Растеше само со својата мајка во Сараево, а во 1983 година ја основа групата „Мерлин“ со која сними 5 студиски албуми.

Во 1991 година започна соло кариера под името Дино Мерлин, а голем број од текстовите кои ги пишува се од негово лично искуство и стекнуваат голема популарност. Тој е автор на текстот за првата химна на Република Босна и Херцеговина, насловена „Jedina si jedina“.

Целосното интервју со Дино Мерлин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19743 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.