Родители со големо срце го проширија своето семејство со посвојување, иако веќе имаа три биолошки деца.
Имено, третото дете на Витни и Мајкл е родено со Даунов синдром, а неизмерната љубов кон него ја разгорило нивната желба да посвојат дете со посебни потреби.
Витни и Мајкл се запознале уште во основно училиште, а се венчале кратко време пред да дипломираат на факултет. И двајцата отсекогаш сонувале за големо семејство.
Во првите три години од нивниот брак, тие добија две деца – ќеркичката Микајла и синот ЕмТи. Потоа, брачните партнери започнале да се соочуваат со проблеми со зачнувањето на уште едно дете и спонтани абортуси.
По многукратна борба со неплодноста, Витни неочекувано забременила во 2012 година. Бременоста била високоризична и морало да биде внимателно следена од докторите.
Во 35-тата недела од бременоста се роди бебето Џуд, кое има Даунов синдром. Оваа вест најпрво ги преплашила родителите, но подоцна сфатиле дека тоа е благослов. Се прилагодиле на Џуд и неговите потреби и биле наградени со неговата искрена и чиста љубов.
Кога Џуд наполнил 2 и пол години, Витни и Мајкл ја започнале потрагата по четврто дете. И благодарание на Џуд, тие знаеле дека сакаат тоа да биде дете со посебни потреби.
По 13-месечна потрага и процедура за посвојување, го донеле дома нивното синче Макс од далечната Кина.
Макс и Џуд инстантно се поврзале и до ден-денес се неразделни. Тие се родени на растојание од само три месеци и сега имаат по 8 години.
„Им беше судено да бидат браќа. Имат специјален начин на комуникација и сакаат да се борат и да си мамат насмевки еден со друг“ – изјавила мајката.