Почетна » Новости » Животни стории » Емотивно видео: Ја изненадил саканата која е болна од рак со свадба во кино сала

Емотивно видео: Ја изненадил саканата која е болна од рак со свадба во кино сала

Свадбата на Марио и Илејн ќе ве разнежни и растажи истовремено. Заљубениот пар цели шест години бил принуден да ја одложува посакуваната свадба, бидејќи со целата своја заштеда ги покривал сметките за лекување на Илејн, која страда од рак.

Марио и Илејн се запознале на снимањето на филм. Откако сфатил дека таа е вистинската, без да губи многу време, Марио ѝ предложил брак. Но, непосредно по свршувачката пристигнале ужасните вести за болеста. Марио дал отказ за да може да се грижи за Илејн. „Не знаете колку боли да ја гледате својата сакана како поминува низ ова, а вие не можете да направите апсолутно ништо. Не се чувствувам како маж, бидејќи немам можност да ѝ го дадам она што го сака и што ѝ е потребно за да биде подобро“ – вели Марио.

Екипата на Prank it FWD одлучи да му помогне на заљубениот пат и организира бесплатна интимна свадба. Церемонијата се одржала во кино сала, заради тоа што младенците се огромни обожаватели на филмската уметност.

Целата свадба била изненадување за Илејн, која воопшто не насетувала што ѝ подготвува грижливиот партнер. Нејзините сестри го избрале невестинскиот фустан, а сите нивни блиски биле сведоци на приватната церемонија.

Свадбата на Марио и Илејн

Емотивното видео е исполнето со насмевки, солзи и благодарности. На крајот парот добива како подарок и патување во Калифорнија и чек од 20.000 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20792 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.