Почетна » Новости » Актуелно » Шпаркасе Банка со донација на компјутери во основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје

Шпаркасе Банка со донација на компјутери во основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје

Шпаркасе Банка во согласност со својата корпоративна стратегија за општествена одговорност, овозможи донација на компјутерска опрема за учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Скопје.

Станува збор за донација на десктоп-компјутери и монитори за потребите на училиштето. Целата претходно подготвена ИТ-опрема ќе им помогне на учениците непречено да ја следат наставната програма и да користат онлајн образовни материјали и алатки достапни на интернет.

Донација на Шпаркасе Банка

По повод донацијата, училиштето изработи Благодарница на Шпаркасе Банка за општествено одговорна компанија, која со својата донација придонесува кон подобрување на квалитетот на наставата.

Шпаркасе Банка, како општествено одговорна компанија, будно го следи опкружувањето во кое функционира, детектирајќи ги областите каде што може да помогне, да поддржи и да унапреди, со цел благосостојба на нашето општество. На овој начин сакаме да поттикнеме и да инспирираме и други компании што се во состојба да помогнат таму каде што е најпотребно.

Донација на Шпаркасе Банка

Шпаркасе Банка верува во заедницата и во нејзиниот потенцијал и продолжува со активна поддршка на проекти за развој на заедницата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.