Најавено е дека за три дена нашата држава ќе ги прими првите вакцини преку Ковакс механизмот.
Министерот за здравство, Венко Филиче, објави дека во Скопје ќе пристигнат 24.000 дози од „АстраЗенека“ со кои ќе започне имунизацијата на населението.
Оваа недела на 28 март, во 07:55 часот во Скопје пристига првата пратка од 24.000 вакцини на Астра Зенека преку Ковакс системот.
Posted by Венко Филипче on Thursday, March 25, 2021
Во услови на влошување на состојбата со коронавирусот и немање на можност за вакцинирање, многу македонски граѓани се пријавуваат за вакцинација во Србија, а дел веќе имаат добиено потврда за закажан термин.
Досега, вакцинирани се само медицински лица со 8.000 вакцини од „Фајзер“, кои ни беа донација од Србија и првата пратка од 3.000 дози од вакцината „Спутник“.