Почетна » Новости » Актуелно » Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска елегантни на прием организиран од Џо и Џил Бајден

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска елегантни на прием организиран од Џо и Џил Бајден

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска позираа со Џо и Џил Бајден во музејот на уметноста „Метрополитен“ во Њујорк.

На приемот организиран од американскиот претседател за шефовите на држави во рамки на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, македонскиот Претседател и нашата Прва дама изгледаа елегантно. Елизабета носеше бордо креација, додека Стево избра класичен костум.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска

И Џил изгледаше префинето во бел фустан со златни детали додека позираше со Џо, кој одржа свој говор.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска

„Повторно сме собрани во ходниците на историјата, а целиот свет чека на нас да водиме, да си покажеме дека сме достојни, да си покажеме дека сме способни да се здружиме за да ги совладаме предизвиците на нашето време.“

„Како и нашите предци, се соочуваме со голема пресвртница. Момент кога се тестирани основните принципи на суверенитетот, територијалниот интегритет и унверзалните човекови права.“

„Дали ќе го направиме она што мора да се направи за да се одговори на овие предизвици? Дали ќе го исполниме верувањето што си го дадовме себеси, на другите и на генерациите што доаѓаат. Може да има само еден одговор на тие прашања: Мораме“ – рече американскиот претседател.

Претходно, првите дами на двете држави се сретнаа и разговараа за менталното здравје кај младите.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска

„Во рамките на Генералното собрание на ОН и #SDGs неделата на активности и заложби, средбата со Џил Бајден е секогаш извонредна прилика да размениме искуства за иднината на младите и особено нивната едукација.“

„Споделив со неа низа на активности кои ги реализиравме со @unicefmk за менталното здравје кај младите и потребата од поголема грижа во овој дел од сите чинители.“

„Младите девојки и момчиња се нашата иднина, а нивниот оптимизам е клучен и за иднината на државата и општеството и за остварување на Целите за одржлив развој“ – напиша македонската прва дама.

Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска Стево Пендаровски и Елизабета Ѓеоргиевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20936 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.