Почетна » Новости » Актуелно » „Срцето на пациентката почна повторно да чука“: Успешно извршена четвртата трансплантација на срце кај нас

„Срцето на пациентката почна повторно да чука“: Успешно извршена четвртата трансплантација на срце кај нас

Уште една трансплантација на срце заврши успешно.

Утрово, срцето на 44-годишна пациентка на која вчера ѝ била дијагностицирана мозочна смрт започна повторно да чука. Нејзиното семејство со големо срце несебично ги донираше органите за да се спасат други животи.

Трансплантација Трансплантација

Доцна синоќа, медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце, а утрово министерот Венко Филипче објави дека трансплантацијата била успешна.

„Рано утрово срцето на 44-годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Следните денови се критични, да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот.“

„Во изминативе 24 часа околу 100-тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим“ – напиша тој.

Трансплантација

Уште синоќа, во објава на Facebook, министерот соопшти за подготовките за трансплантацијата.

„Доцна вечерва во 23 часот медицинските тимови од Клиниката за урологија и Клиниката за кардиохирургија ја започнаа експлантацијата на бубрези и срце од 44-годишна пациентка која попладнево е дијагностицирана со мозочна смрт.“

„Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива.“

„Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија“ – напиша Филипче.

Ова е четврта трансплантација на срце во земјава. Првата беше направена во мај 2020 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19736 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.