Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 762 тестирања, а се потврдени 109 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 20
- Куманово – 16
- Штип – 13
- Прилеп – 1
- Тетово – 3
- Струга – 2
- Велес – 4
- Битола – 1
- Охрид – 2
- Кавадарци – 15
- Гостивар – 10
- Гевгелија – 1
- Радовиш – 2
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 2
- Виница – 3
- Свети Николе – 5
- Кичево – 7
- Неготино – 1
Почината е 70-годишна пациентка од Скопје во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од:
- Скопје 173
- Куманово 28
- Штип 93
- Прилеп 8
- Тетово 23
- Струга 36
- Охрид 15
- Гостивар 28
- Радовиш 1
- Крушево 2
- Кочани
- Пробиштип 3
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 1
- Свети Николе 3
- Кичево 1
- Ресен 5
Досега во земјата се направени вкупно 115.590 тестирања на КОВИД-19.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.942, бројката на оздравени пациенти е 8.087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.327.