Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 860 тестирања, а има 78 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 28
- Куманово 5
- Дебар 4
- Прилеп 8
- Тетово 4
- Битола 1
- Охрид 1
- Кавадарци 2
- Гостивар 8
- Радовиш 1
- Кочани 2
- Пробиштип 1
- Македонски Брод 1
- Берово 4
- Делчево 3
- Кичево 3
- Неготино 2
Починати се четири лица, двајца пациенти од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Од нив двајца се починати во, а еден вон болнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти од:
Досега во земјата се направени вкупно 138.325 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.673, бројката на оздравени пациенти е 10.150, на починати е 568, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.995.