Новак Ѓоковиќ откри што е она што му давало сила да издржи во најтешките моменти во финалето на УС Опен. Тоа била малата ќеркичка Тара, која постојано му се смешкала и го поздравувала од публиката.
По големата победа и освојувањето на неговиот 24-ти Грен слем, српскиот тениски ас со солзи во очите ја прегрна Тара, а фотографиите од тој момент растопија многу срца низ светот.
Подоцна, Новак изјави дека 6-годишната ќерка му помогнала да го издржи мечот.
„Следното нешто што сакав да го направам е да ја гушнам ќерка ми. Таа е мојот ангел-чувар, моето бебе, мојата душа. Не знаев дека таа ќе седи таму, па кога дојдов на теренот, ја видов. Беше свртена кон мене додека седев на клупата и ми се смешкаше.“
„Секојпат кога ми требаше охрабрување, таа беше таму, ќе ми покажеше тупаница, ќе ми се насмевнеше и ќе ме растопеше...“
„Секојпат кога ми требаше таа невина детска енергија, ја добивав од неа. Кога поминував низ многу стресни моменти, кога ми беше потребна малку сила и некоја врста на светлина, таа ќе ми се насмевнеше...“
„Кога станав татко, една од моите желби беше да го доживеам денот кога ќе освојам Грен слем пред децата, а тие да бидат доволно возрасни да сфатат што се случува. Благослов е што тоа се случи двапати оваа година – во Париз и тука во САД“ – рече Ноле пред новинарите во неколку интервјуа во САД.
Novak's daughter approves! pic.twitter.com/AltVxc4AfR
— US Open Tennis (@usopen) September 10, 2023