Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 817 тестирања, а има 39 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 7
- Куманово 3
- Прилеп 8
- Тетово 2
- Струга 2
- Гостивар 11
- Гевгелија 2
- Кочани 2
- Кратово 1
- Свети Николе 1
Починати се 4 лица, двајца пациенти од Куманово (43г и 66г), двајца од Скопје (71г и 77г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од:
- Скопје 6
- Штип 21
- Тетово 3
- Струга 1
- Битола 1
- Гостивар 6
- Гевгелија 1
- Кочани 2
- Пробиштип 1
- Виница 2
- Кичево 4
Досега во земјата се направени вкупно 147.819 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.330, бројката на оздравени пациенти е 11.062, на починати е 600, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.668.