Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 464 тестирања, а има 37 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 20
- Куманово 3
- Штип 1
- Тетово 3
- Струга 2
- Велес 1
- Охрид 2
- Гостивар 2
- Крива Паланка 1
- Кочани 2
Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, еден вон болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенти од:
- Скопје 41
- Куманово 34
- Штип 5
- Прилеп 6
- Тетово 13
- Велес 1
- Охрид 3
- Кавадарци 1
- Гостивар 6
- Струмица 2
- Кочани 2
- Демир Хисар 1
- Берово 1
- Виница 4
- Свети Николе 2
- Кичево 8
- Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.827, бројката на оздравени пациенти е 13.315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.860.