Почетна » Новости » Актуелно » РФМ ги донираше средствата од хуманитарниот ракометно-музички спектакл за СОС Детско село

РФМ ги донираше средствата од хуманитарниот ракометно-музички спектакл за СОС Детско село

„Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“ – пишува на врамениот дрес кој Ракометната федерација на Македонија го доби од организацијата „СОС Детско село“ по повод примо-предавањето на донацијата.

РФМ со донација за СОС Детско село

Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на 3 јануари 2023 година во организација на РФМ, изнесува 1.372.550 денари, која сума ќе биде донирана на организацијата „СОС Детско село“.

РФМ со донација за СОС Детско село

Трошоците за реализација на настанот, покриeни се од страна на Ракометната Федерација на Македонија и нејзините спонзори. Посебна благодарност во оваа насока, Македонската куќа на ракометот, би сакала да упати до: „Триглав Осигурување“, „Алкалоид“ АД Скопје, „Халк Банка“, „Пивара“, „Никоб“, „Македонската Телевизија“, „ТВ Телма“, „Проевент“ и „КЛС“; како и до сите македонски уметници, компании и индивидуалци кои сесрдно ја прифатија поканата за учество во настанот без авторски или друг вид на надоместоци.

РФМ со донација за СОС Детско село

Ракометната Федерација на Македонија во оваа прилика би сакала посебно да се заблагодари на бројната публика во арената „Борис Трајковски“. Спектаклот „Сите Ѕвезди за СОС Детско село“ го славеше ракометот, го славеше спортот. Победи човечноста и хуманоста. Заедно покажавме дека македонската нација е хумана, а спортот има посебна моќ да нѐ вивне во височините и да ни пружи уникатна доза на среќа.

Сакајте го и негувајте го македонскиот спорт!

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19755 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.