Љубовната приказна на Филип Кузмановски и Моника Игнова се збогати со гламурозно свадбено поглавје.
Македонскиот ракометар и неговата убава избраничка прославија со бројни пријатели и роднини за влегувањето во брачните води.
Отмената свадба се одржа во винарија Камник, а парот изгледаше повљубено отсекогаш. Среќната невеста носеше припиена венчаница со силуета „сирена“ и деликатни набори додека шармантниот младоженец беше облечен во црно одело.
Веселата атмосфера беше надополнета со колоритен огномет.
Филип и Моника, која е магистер по право, склучија граѓански брак во Битола во октомври 2019 година, а нивната свадбена прослава беше неколкупати одложена од пандемијата.
Фотографии: Hello Wedding Photography