Постојат моменти во животот кои сакаме да траат вечно или барем да ни останат визуелно овековечени. Свадбените мигови, кога се преплетуваат љубовта и славеничката еуфорија, се едни од нив.
Свадбеното видео на ракометарот Филип Кузмановски и Моника Игнова сведочи за нивната романтична поврзаност и веселбата со најблиските, со која го крунисаа влегувањето во брачна заедница.
Краткиот филм ги прикажува елегантните младенци како си разменуваат нежности на зајдисонце и слават со пријателите и роднините во винарија Камник.
За нивните најубави мигови да се претворат во скапоцени спомени се погрижија професионалците од ZAGA Production: