Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие се направени 1.728 тестирања, а се потврдени 205 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје - 60
- Куманово - 13
- Дебар - 17
- Штип - 10
- Прилеп - 2
- Тетово - 13
- Струга - 12
- Велес - 3
- Битола - 3
- Охрид - 1
- Кавадарци - 1
- Гостивар - 23
- Струмица - 1
- Крушево - 1
- Пробиштип - 2
- Демир Хисар - 2
- Македонски Брод - 1
- Берово - 1
- Свети Николе - 29
- Кичево - 7
- Ресен - 3
Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од: Скопје (113), Куманово (28), Дебар (8), Штип (15), Прилеп (1), Тетово (40), Струга (52), Велес(1), Охрид (57), Кавадарци (1), Гостивар (8), Крива Паланка (4), Кочани (1), Пробиштип (1), Валандово (2) и Ресен (4).
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје и два од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа тројца пациенти на возраст од 62, 68 и 94 години. Во ГОБ „8 септември“ починати се двајца пациенти на возраст од 65 и 70 години. Во ОБ Гостивар е почината пациентка на возраст 80 години.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 59 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 19 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 2 деца позитивни и 1 суспектно на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 96 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 41, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 112 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 323
- Аеродром – 162
- Бутел – 146
- Гази Баба – 200
- Центар – 146
- Карпош – 147
- Сарај – 128
- Кисела Вода – 108
- Ѓорче Петров – 107
- Студеничани – 116
- Шуто Оризари – 86
- Арачиново – 45
- Илинден – 31
- Петровец – 17
- Чучер Сандево – 16
- Сопиште – 8
- Зелениково- 13
- Странец – 5
- Нераспределен- 67
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.777, бројката на оздравени пациенти е 3.960, на починати е 368, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.