Почетна » Новости » Актуелно » Принцот Алберт од Монако е позитивен на коронавирус и порачува: „Може да го погоди секој“

Принцот Алберт од Монако е позитивен на коронавирус и порачува: „Може да го погоди секој“

Светот стравува од новиот коронавирус. Додека бројот на заболени расте, сè повеќе се и славните личности кои се позитивни на КОВИД-19.

Принцот Алберт од Монако денес објави дека има коронавирус. 62-годишниот Принц се тестирал анонимно, бидејќи не сакал да има приоритет.

Принцот Алберт

„Не сакав да ме третираат поразлично од другите луѓе. Има потешки случаи од мојот кои треба да бидат тестирани, па не сакав да ме стават на врвот на купот“ – рекол тој во интервју за People.

Алберт сподели и дека нема сериозни симптоми и порачува дека секој треба да биде претпазлив, без оглед на возраста.

„Моите симптоми наликуваат на грип. Имам благо покачена температура, не е лошо. Малку кашлица. Имав растечен нос неколку денови, тоа беше првиот знак... Морам да внимавам поради мојата медицинска историја, се изборив со пневмонија пред неколку години... Има многу случаи кога луѓе под 60 години заболуваат. Може да го погоди секој, на секоја возраст“ – вели тој.

Принцот Алберт

Алберт и принцезата Шарлин имаат две деца – Жак и Габриела. Зборувајќи за децата, тој рекол: „Имав стомачен вирус, па не можев да ги бакнувам подолго од една недела. Па, се надевам дека нема да покажат симптоми, засега немаат покажано.“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20906 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.