Стево Пендаровски и Елизабета Ѓоргиевска присуствуваа на настан за одбележување на Денот на Обединетите Нации.
60-годишниот македонски претседател и 51-годишната прва дама со широки насмевки пристигнаа на свеченоста.
„Во време на сериозни предизвици за мирот во светот, наша обврска е да се потсетиме на визијата на нејзините основачи, содржани во Повелбата на организацијата.“
„Само преку почитување на темелните вредности, Обединетите Нации ќе продолжат да имаат незаменлива улога во градењето на просперитетна иднина и подобар свет за генерациите по нас“ – напиша Пендаровски и објави неколку фотографии.
Елизабета изгледаше прекрасно во префинета бела креација, која ја надополни со елегантни бежови салонки и чантичка.