Вчера, во Скопје беше одбележан Светскиот ден на Алцхајмеровата болест.
На настанот на плоштад „Македонија“, организиран од Институтот за Алцхајмерова болест и Невронаука, присуствуваше и Елизабета Ѓоргиевска.
Македонската прва дама ја даде својата поддршка, залагајќи се за поттикнувањето на свеста за оваа болест.
„Заборавањето не е дел од нормалниот процес на стареење. Само 27% од лицата со Алцхајмерова деменција во земјава се дијагностицирани и лекувани. Раното откривање е најважно во справувањето со Алцхајмеровата деменција, тивкиот убиец на сеќавањата“ – напиша таа.
50-годишната сопруга на претседателот Пендаровски носеше бел костум.