Принцот Хари и Меган Маркл станаа дел од листата на највлијателни личности на светот, која традиционално ја изготвува Time.
37-годишниот војвода и 40-годишната војвотка беа фотографирани од познатото списание, со што им беше оддадено признание за влегувањето во листатата на
„Во свет во кој секој има мислење за луѓе кои не ги познава, Војводата и Војвотката сочувствуваат со луѓето кои не ги познаваат“ – пишува Андрес, основач на непрофитната организација „World Central Kitchen“, која соработува со „Archewell Foundation“, основана од парот.
Објавата на Time се поклопи со роденденот на Хари, а двојката изјави дека е почестена што е на лисатата.
По одделувањето од британското кралско семејство, ова е прва нивна фотосесија за истакнато списание. Во изминатиов период, Хари и Меган беа посветени на нивните две деца – Арчи и Лилибет.