Староста е привилегија и извор на мудрост, а нашите баби и дедовци се неисцрпен извор на љубов и знаење. Нашата заедница и култура не се темелат само на делата на видни научници, интелектуалци и јавни личности, туку и на безброј вредности од „анонимните“ херои што ги среќаваме секојдневно, со кои сме пораснале или од кои сме учеле.
Бабите, дедовците, прабабите и прадедовците поминале низ многу предизвици и воделе многу важни битки, стекнувајќи се со бесценето животно искуство кое се желни да им го предадат на помладите, а тие треба само да сакаат да слушаат. За жал, многуте обврски и динамичното темпо со кое живееме понекогаш нè принудува да заборавиме на незаменливите родители на нашите родители.
Кога последен пат имавте долг смирен разговор со повозрасните членови од вашето семејство? Кога последно трпеливо слушнавте што имаат да ве советуваат? Кога беше вашата последна разменета прегратка или бакнеж? Ако одамна не сте им покажале љубов и почит на постарите, можеби е време да го направите тоа сега.
Еве неколку начини како да им го наполните срцето со љубов, а очите со
- Побарајте совет. Дури и во моментите кога сметате дека знаете сè и дека не ви треба туѓото мислење, прашајте ги постарите за совет како треба да постапите во одредена ситуација. Можеби нивните зборови ќе ви ја променат перспективата, можеби не, но факт е дека тие ќе се чувствуваат корисно и посреќно.
- Поттикнете ги да евоцираат спомени. Знаете дека вашата баба со задоволство зборува за поранешната професија? Или пак можеби вашиот дедо често го споменува периодот кога бил војник? Започнете разговор на тема која ќе ги натера вашите сакани да зборуваат долго, а вие само слушајте.
- Згответе им го омилениот оброк. Има ли послатки јадења од оние кои како мали сме ги јаделе кај баба и дедо? Дефинитивно не. За на одреден начин да им возвратите за сите тие оброци полни со љубов, згответе им го омилениот специјалитет и поканете ги на вечера „очи в очи“.
- Ако сте далеку од нив, јавете им се. Одделете си еден час за зборување на телефон и свртете го бројот на баба и дедо. Покажете им дека ви значат, дека се грижите за нив и дека ги сакате. Понекогаш дури и само едно обично „Како си бабо/дедо?“ може да им го разубави денот.
- „Вежбајте“ заедно. Дури и ако станува збор за обична физичка активност како кратко пешачење, тоа може позитивно да делува на здравјето, среќата и исполнетоста на повозрасните. Поминувањето време со нив и грижата за нивното здравје несомнено ќе им покаже колку ги сакате, а ќе ви даде и шанса да прашате како им поминал денот.
- Разговарајте за вашите предци и семејната историја. Многу е важно да знаете од каде потекнувате, со што се занимавале вашите предци, со какви здравствени проблеми се соочувале и кои настани ги одбележале нивните животи. Можете да извлечете значајни лекции од нивните постапки.
- Отворено кажете им колку многу го цените она што го направиле за вас. Бабите и дедовците заслужуваат топли зборови. За жал, премногу често нивните совети и гестови не се доволно ценети. Гласно заблагодарете им се за сè што направиле за вас и гледајте како тие се растопуваат од среќа.
Новата кампања на Халкбанк, насловена „Да ги слушнеме и гушнеме“ е посветена на оние што нè пораснаа, на нашите баби и дедовци. Топлата порака се пренесува преку моќни илустрации кои допираат до срцата на сите што пораснале покрај своите баби и дедовци.
„’Да ги слушнеме и гушнеме’ им се обраќа на помладите, на децата и на внуците, кои во трката со брзото секојдневие некогаш и не можат да одвојат време за своите родители, баби и дедовци. Ова е повик за освестување за секој од нас, дека од постарите можеме да научиме многу, бидејќи тие се чувари на мудроста. Ние започнавме со нашите повозрасни колеги, кои се веќе во пензија, затоа што сметаме дека имаат уште многу што да пренесат на оние кои сега седат на нивното работно место. Искуството на постарите за нас е инспирација и, впрочем, тоа е една од максимите или активностите и на оваа голема кампања, на која се надеваме дека ќе се приклучат многу организации и здруженија и која треба да допре до што повеќе луѓе“ – вели Маја Наумовска - Савеска од Халкбанк АД Скопје.
„Да ги слушнеме и гушнеме“ ќе се одвива во неколку етапи, во соработка со повеќе категории граѓани: пензионерски здруженија, домови за стари лица, училишта и градинки низ целата земја. Интегрираната кампања обединува најразлични активности и ќе се одвива на сите канали за комуникација, вклучувајќи ја и документаристичката компонента.