На денешната седница на Владата беше донесена одлука за повторно олабавување на мерките за заштита и спречување на ширењето на коронавирусот.
Врз основа на епидемиолошките текови и состојби во државата и намалувањето на бројот на хоспитализирани и заразени лица, беа усвоени следните мерки:
- Почнувајќи од утре (12 мај 2021 година), забраната и посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз да почнува од 24 часот до 4 часот наутро.
- Соодветно на тоа, дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23.30 часот.
- Сите настани и ивенти може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
- Се менуваат протоколите и за детските градинки, односно се дозволува зголемување на бројот на деца од 15 на 20 во една група.
- Вежбалните, фитнес центрите и теретаните започнуваат со вршење на својата дејност во објектите.
- Се дозволува користење на годишните одмори за здравствените работници.
Овие мерки ќе важат до 18 мај 2021 година.
Почнувајќи од утре, 12 мај 2021 година на сила се новите мерки кои ги усвои Владата на денешната редовна...
Posted by Венко Филипче on Tuesday, May 11, 2021