Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.610 тестирања, а има 949 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 357
- Битола 85
- Куманово 69
- Прилеп 43
- Велес 39
- Охрид 36
- Тетово 34
- Струмица и Кочани по 29
- Гостивар 28
- Штип 26
- Кавадарци 25
- Кичево 21
- Гевгелија 14
- Свети Николе 13
- Струга 11
- Ресен и Радовиш по 10
- Делчево и Виница по 9
- Неготино, Берово и Валандово по 7
- Крива Паланка 6
- Богданци 5
- Дебар и Македонски Брод по 4
- Демир Хисар и Македонска Каменица по 3
- Пробиштип и Пехчево по 2
- Крушево и Демир Капија по 1
Пријавени се вкупно 33 починати лица: 11 од Скопје (54г, 67г, 68г, 70г, 71г, 72г, 72г, 75г 77г, 86г и 87г), по 3 лица од Битола (49г, 66г и 74г) и Тетово (40г, 65г и 85г), по 2 починати лица од Куманово ( 66г и 84г), Прилеп (67г и 75г), Охрид (72г и 84г) и Гевгелија (25г и 76г) и по едно лице од Кочани (58г), Штип (65г), Кавадарци (58г), Струга (65г), Радовиш (74г), Делчево (79г), Неготино (87г) и Берово (87г).
Регистрирани се 737 оздравени пациенти од:
- Скопје 380
- Прилеп 42
- Велес 39
- Куманово 32
- Кавадарци 26
- Битола 25
- Гевгелија 23
- Гостивар 21
- Тетово 20
- Штип и Крушево по 16
- Неготино 13
- Кочани и Струмица по 11
- Радовиш и Делчево по 7
- Демир Капија 6
- Берово, Кичево и Македонски Брод по 5
- Ресен и Виница по 4
- Богданци, Пробиштип и Пехчево по 3
- Охрид, Свети Николе, Крива Паланка и Дојран по 2
- Валандово и Кратово по 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.