Според најновото соопштение на Министерството за здравство, во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи на КОВИД-19 во:
- Скопје – 32
- Куманово – 4
- Штип – 5
- Тетово – 7
- Кавадарци – 8
- Гостивар – 8
- Струмица – 1
- Кочани – 1
- Пробиштип – 2
- Македонски Брод – 2
- Виница – 1
- Свети Николе – 1
- Кичево – 2
- Неготино – 1
Починати се 5 лица, пациент од Скопје, два пациенти од Куманово, пациент од Гостивар и пациент од Охрид.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 136 оздравени пациенти од:
- Скопје 50
- Куманово 16
- Прилеп 2
- Тетово 5
- Струга 28
- Охрид 18
- Гостивар 2
- Крушево 1
- Кочани 1
- Македонски Брод 1
- Кратово 1
- Свети Николе 10
- Кичево 1
Досега во земјата се направени вкупно 106.877 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.202, бројката на оздравени пациенти е 7.108, на починати е 505, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.589.