Институтот за јавно здравје објави дека во изминатото деноноќие направени се 3.246 тестирања, а има 734 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 313
- Прилеп 38
- Куманово 46
- Тетово 36
- Битола 75
- Велес 34
- Гостивар 26
- Кавадарци 19
- Штип 17
- Охрид 24
- Струмица 22
- Струга 1
- Кочани 14
- Кичево 9
- Неготино 9
- Гевгелија 10
- Свети Николе 2
- Крива Паланка 1
- Ресен 8
- Радовиш 3
- Берово 4
- Дебар 1
- Делчево 3
- Виница 10
- Валандово 3
- Богданци 2
- Кратово 1
- Македонски Брод 1
- Дојран 2
Пријавени се вкупно 35 починати лица: 12 од Скопје (87г, 84г, 81г, 80г, 77г, 75г, 74г, 72г, 72г, 70г, 70г, 61г), 6 од Битола (88г, 84г, 75г, 63г, 63г и 59г) , 4 од Охрид (78г, 75г, 73г и 28г), - по 2 од Гевгелија (75г и 64г), Куманово (73г и 60г), Демир Капија (83г и 63г) и Кичево (78г и 68г) и – по 1 починат од Гостивар (77г), Кочани (79г), Виница (72г), Велес (67) и Радовиш (49г). Сите 35 пациенти се починати во болнички услови.
Регистриран е 621 оздравен од:
- Скопје 330
- Прилеп 2
- Куманово 13
- Тетово 29
- Битола 18
- Велес 37
- Гостивар 19
- Кавадарци 40
- Штип 25
- Кочани 13
- Кичево 9
- Неготино 21
- Гевгелија 14
- Свети Николе 8
- Ресен 4
- Берово 7
- Пробиштип 9
- Виница 1
- Богданци 3
- Демир Капија 10
- Кратово 2
- Демир Хисар 1
- Пехчево 6
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 134.867, бројката на оздравени пациенти е 109.297, на починати е 3.940, а бројот на активни случаи изнесува 21.630.