Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 677 тестирања, а има 63 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 37
- Куманово 4
- Тетово 1
- Гостивар 1
- Штип 2
- Битола 1
- Велес 1
- Охрид 2
- Кавадарци 5
- Струга 1
- Свети Николе 1
- Крива Паланка 1
- Берово 2
- Делчево 1
- Пробиштип 1
- Кратово 1
- Пехчево 1

Починати се 6 лица, два пациенти од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден од Кавадарци (70г) и еден пациент од Струга (83г). Пациентите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 573 оздравени пациенти од:
- Скопје 350
- Куманово 19
- Тетово 10
- Прилеп 36
- Гостивар 9
- Штип 8
- Битола 7
- Велес 17
- Струмица 15
- Кавадарци 28
- Кочани 9
- Кичево 1
- Свети Николе 4
- Гевгелија 6
- Неготино 12
- Дебар 8
- Ресен 5
- Крива Паланка 1
- Радовиш 6
- Пробиштип 3
- Валандово 3
- Демир Хисар 1
- Македонски Брод 2
- Богданци 2
- Кратово 1
- Крушево 9
- Демир Капија 1
Досега во земјата се направени вкупно 443.277 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90717, бројката на оздравени пациенти е 78727, на починати е 2791, а бројот на активни случаи изнесува 9199.