Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.379 тестирања, а има 364 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 161
- Куманово 36
- Битола и Прилеп по 25
- Охрид 15
- Тетово 13
- Штип 10
- Кавадарци, Струмица и Гевгелија по 9
- Велес, Гостивар и Струга по 8
- Кичево и Дебар по 6
- Свети Николе 4
- Виница 3
- Кочани и Неготино по 2
- Крива Паланка, Ресен, Берово, Делчево и Богданци по 1
Пријавени се вкупно 24 починати лица: 7 од Скопје (40г, 52г, 55г, 59г, 64г, 72г и 85г), 6 од Битола (63г, 68г, 70г, 71г, 71г и 85г), 3 од Куманово (73г, 76г и 84г) и по еден пациент е пријавен од Охрид (88г), Кавадарци (82г), Струмица (73г), Струга (69г), Свети Николе (64г), Крива Паланка (74г), Радовиш (75г) и Пробиштип (52г).
Регистрирани се 689 оздравени пациенти од:
- Скопје 254
- Куманово 61
- Битола 52
- Прилеп 44
- Велес и Тетово по 36
- Кавадарци 32
- Штип 24
- Гостивар 21
- Струмица 17
- Кичево 14
- Неготино 13
- Гевгелија, Крива Паланка и Виница по 10
- Кочани 9
- Ресен и Валандово по 7
- Свети Николе, Пробиштип и Берово по 5
- Радовиш и Демир Капија по 4
- Пехчево 3
- Крушево и Кратово по 2
- Богданци и Македонски Брод по 1
Досега во земјата се направени вкупно 691.255 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.094, бројката на оздравени пациенти е 122.810, на починати е 4.443, а бројот на активни случаи изнесува 19.841.