Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 1.077 тестирања, а се потврдени 152 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 39
- Куманово – 20
- Дебар – 8
- Штип – 14
- Прилеп – 1
- Тетово – 9
- Струга – 13
- Битола – 5
- Охрид – 3
- Кавадарци – 5
- Гостивар – 15
- Гевгелија – 3
- Струмица – 4
- Радовиш – 1
- Кочани – 1
- Демир Хисар – 2
- Македонски Брод – 2
- Кратово – 1
- Делчево – 3
- Свети Николе – 1
- Кичево – 2
Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од: Скопје-23, Куманово-8, Штип-6, Тетово-10, Гостивар-10, Свети Николе-13.
Нема починати пациенти.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 83 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 8 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 40, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 126 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 271
- Аеродром – 212
- Бутел – 138
- Гази Баба – 198
- Центар – 161
- Карпош – 174
- Сарај – 114
- Кисела Вода – 179
- Ѓорче Петров – 129
- Студеничани – 99
- Шуто Оризари – 126
- Арачиново – 34
- Илинден – 26
- Петровец – 23
- Чучер Сандево – 11
- Сопиште – 21
- Зелениково- 9
- Странец – 8
- Нераспределен- 2
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.086, бројката на оздравени пациенти е 5.427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.199.