Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.414 тестирања, а има 137 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 53
- Куманово 19
- Штип 8
- Тетово 4
- Струга 2
- Велес 6
- Битола 7
- Гостивар 10
- Гевгелија 2
- Струмица 1
- Крива Паланка 2
- Пробиштип 2
- Македонски Брод 3
- Берово 2
- Делчево 5
- Свети Николе 6
- Кичево 3
- Неготино 2
Во болнички услови почин 63-годишен пациент од Дебар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од:
- Скопје 22
- Штип 1
- Прилеп 1
- Тетово 3
- Струга 11
- Битола 2
- Охрид 9
- Гостивар 5
- Демир Хисар 3
- Виница 1
Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.595, бројката на оздравени пациенти е 10.110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.921.