Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 1.542 тестирања, а се потврдени 137 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 60
- Куманово – 13
- Дебар – 5
- Штип – 16
- Прилеп – 3
- Тетово – 7
- Струга – 1
- Велес – 3
- Битола – 5
- Охрид – 1
- Гостивар – 11
- Кочани – 1
- Пробиштип – 1
- Демир Хисар – 1
- Виница – 1
- Свети Николе – 3
- Кичево – 5
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 103 оздравени пациенти од: Скопје (53), Дебар (3), Штип (1), Прилеп (6), Тетово (7), Велес (5), Битола (2), Кавадарци (1), Гостивар (11), Струмица (1), Крушево (1), Кичево (3), Ресен (9).
Починати се 9 лица, тројца пациенти од Скопје (48, 78 и 57г), двајца од Куманово (92 и 75г), по еден пациент од Штип (80г) и Струга (79г) и двајца од Гостивар (55 и 74г). Од нив 7 пациенти се починати во болница, двајца вон болнички услови, потврдени позитивни вчера и денес.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 30 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 4 позитивни деца и една мајка и едно дете суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 99 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 42, а во болницата во Штип се хоспитализирани 46 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 121 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 269
- Аеродром – 213
- Бутел – 141
- Гази Баба – 197
- Центар – 157
- Карпош – 171
- Сарај – 111
- Кисела Вода – 178
- Ѓорче Петров – 129
- Студеничани – 101
- Шуто Оризари – 120
- Арачиново – 34
- Илинден – 24
- Петровец – 22
- Чучер Сандево – 11
- Сопиште – 21
- Зелениково- 10
- Странец – 7
- Нераспределен - 4
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.934, бројката на оздравени пациенти е 5.357, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.