Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.297 тестирања, а има 131 новоинфициран со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 34
- Куманово 20
- Штип 5
- Прилеп 8
- Струга 3
- Велес 1
- Битола 2
- Охрид 4
- Кавадарци 2
- Гостивар 12
- Гевгелија 4
- Струмица 2
- Радовиш 1
- Кочани 3
- Македонски Брод 1
- Берово 6
- Валандово 1
- Виница 6
- Делчево 10
- Кратово 1
- Свети Николе 5
Починати се 6 лица, еден пациент од Охрид (56г), двајца пациенти од Скопје (63г и 80г), двајца од Прилеп (78г и 54г) и еден пациент од Штип (82г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 81 оздравен пациент од:
- Скопје 27
- Дебар 1
- Штип 10
- Тетово 11
- Струга 5
- Битола 1
- Гостивар 9
- Струмица 5
- Радовиш 1
- Кочани 1
- Виница 4
- Делчево 3
- Кичево 3
Досега во земјата се направени вкупно 147.002 тестирања на КОВИД-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.293, бројката на оздравени пациенти е 11.014, на починати е 596, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.683.