Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие направени се 1.025 тестирања, а се потврдени 128 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 52
- Куманово – 6
- Штип – 29
- Прилеп – 2
- Тетово – 6
- Битола – 2
- Кавадарци – 10
- Гостивар – 13
- Кочани – 1
- Пробиштип – 1
- Македонски Брод – 3
- Виница – 2
- Свети Николе – 1
Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од:
- Скопје – 108
- Куманово – 2
- Прилеп – 1
- Тетово – 11
- Велес – 1
- Битола – 3
- Гостивар – 2
- Кочани – 2
- Кичево – 2
- Ресен – 5
Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 265
- Аеродром – 207
- Бутел – 133
- Гази Баба – 193
- Центар – 150
- Карпош – 164
- Сарај – 109
- Кисела Вода – 183
- Ѓорче Петров – 129
- Студеничани – 93
- Шуто Оризари – 120
- Арачиново – 36
- Илинден – 23
- Петровец – 20
- Чучер Сандево – 12
- Сопиште – 22
- Зелениково- 7
- Странец – 8
- Нераспределен - 2
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.213, бројката на оздравени пациенти е 5.564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.183.