Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 1.312 тестирања, а се потврдени 123 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 54
- Куманово – 5
- Дебар – 4
- Штип – 18
- Прилеп – 1
- Тетово – 5
- Струга – 6
- Битола – 2
- Охрид – 3
- Гостивар – 16
- Крушево – 1
- Демир Хисар – 1
- Свети Николе – 2
- Кичево – 4
- Ресен – 1
Починати се 3 лица, еден пациент од Скопје и по еден од Дебар и Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 55 и 61 година. Во ОБ Струмица почина пациент на возраст од 67 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 74 оздравени пациенти од:
- Скопје 23
- Дебар 1
- Штип 2
- Прилеп 6
- Тетово 15
- Битола 7
- Гостивар 6
- Кочани 2
- Пробиштип 2
- Кичево 5
- Ресен 5
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.
Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 7 позитивни деца.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 101 пациент. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 33, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 280
- Аеродром – 204
- Бутел – 141
- Гази Баба – 206
- Центар – 165
- Карпош – 171
- Сарај – 114
- Кисела Вода – 169
- Ѓорче Петров – 125
- Студеничани – 107
- Шуто Оризари – 108
- Арачиново – 34
- Илинден – 25
- Петровец – 23
- Чучер Сандево – 11
- Сопиште – 20
- Зелениково- 13
- Странец – 7
- Нераспределен- 15
Досега во земјата се направени вкупно 91.015 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.669, бројката на оздравени пациенти е 5.145, на починати е 445, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.079.