Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.653 тестирања, а има 118 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 55
- Куманово 12
- Дебар 1
- Штип 5
- Прилеп 9
- Тетово 6
- Струга 1
- Велес 2
- Битола 1
- Охрид 3
- Кавадарци 4
- Гостивар 2
- Струмица 1
- Крива Паланка 2
- Кочани 1
- Пробиштип 1
- Берово 1
- Виница 3
- Делчево 2
- Кратово 1
- Свети Николе 1
- Кичево 4

Починати се тројца пациенти од Тетово (64г), Штип (82г) и Струга (74г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од:
- Скопје 22
- Куманово 11
- Штип 11
- Струга 37
- Велес 3
- Битола 6
- Охрид 13
- Кавадарци 11
- Гостивар 1
- Демир Хисар 3
- Виница 4
- Кичево 5
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 6 деца позитивни и 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 20, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Досега во земјата се направени вкупно 132.493 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13.194, бројката на оздравени пациенти е 9.752, на починати е 554, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.888.