Министерството за здравство извести дека во изминатото деноноќие направени се 1.356 тестирања, а се потврдени 102 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 39
- Куманово – 11
- Штип – 13
- Прилеп – 3
- Тетово – 2
- Струга – 2
- Битола – 6
- Охрид – 3
- Кавадарци – 3
- Гостивар – 8
- Радовиш – 1
- Кочани – 1
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 1
- Виница – 1
- Свети Николе – 3
- Кичево – 4
Починати се 5 лица и тоа од Скопје (70 г.), Кичево (72 г.), Куманово (64 г.), Прилеп (48 г.) и Штип (76 г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 99 оздравени пациенти од:
- Скопје 49
- Штип 2
- Тетово 10
- Струга 17
- Охрид 15
- Гостивар 2
- Струмица 1
- Кочани 1
- Кичево 1
- Ресен 1
Досега во земјата се направени вкупно 97.550 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 12 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 4 позитивни деца и 2 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 130 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 262
- Аеродром – 205
- Бутел – 128
- Гази Баба – 193
- Центар – 150
- Карпош – 165
- Сарај – 105
- Кисела Вода – 179
- Ѓорче Петров – 129
- Студеничани – 92
- Шуто Оризари – 125
- Арачиново – 36
- Илинден – 25
- Петровец – 19
- Чучер Сандево – 12
- Сопиште – 21
- Зелениково- 8
- Странец – 8
- Нераспределен - 3
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.315, бројката на оздравени пациенти е 5.663, на починати е 471, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.181.