Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 1.621 тестирања, а се потврдени 138 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 47
- Куманово – 17
- Дебар – 10
- Штип – 16
- Прилеп – 2
- Тетово – 2
- Велес – 5
- Битола – 5
- Охрид – 2
- Кавадарци – 1
- Гостивар – 10
- Крива Паланка – 1
- Кочани – 5
- Пробиштип – 1
- Демир Хисар – 1
- Македонски Брод – 6
- Ресен – 1
- Виница – 2
- Кичево – 3
- Кратово – 1
Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:
- Скопје 105
- Штип 9
- Прилеп 2
- Тетово 4
- Велес 1
- Битола 5
- Гостивар 1
- Кочани 4
- Пробиштип 1
- Демир Хисар 2
- Берово 1
- Кичево 7
- Ресен 2
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Досега во земјата се направени вкупно 103.938 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891, бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700.