Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 5.809 тестирања, а има 518 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје – 179
- Тетово – 96
- Гостивар – 65
- Куманово – 35
- Кичево – 29
- Струга – 20
- Битола – 14
- Охрид и Струмица – по 11
- Дебар – 10
- Кавадарци – 7
- Велес – 6
- Кочани – 5
- Прилеп и Берово – по 4
- Штип, Виница и Македонски Брод – по 3
- Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2
- Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1
Пријавени се 4 починати лица: 2 од Скопје (71г и 88г), по еден од Тетово (75г) и Дебар (67г).
Регистриран e 31 оздравен пациент од:
- Скопје – 13
- Куманово – 6
- Гостивар – 5
- Тетово – 4
- Струмица – 2
- Битола – 1
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.681 бројката на оздравени пациенти е 150.587, на починати е 5.513, а бројот на активни случаи изнесува 2.581.