Министерството за здравство соопшти дека во изминатото деноноќие се направени 1.470 тестирања, а се потврдени 168 новоинфицирани со новиот коронавирус
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје - 83
- Куманово - 8
- Дебар - 2
- Штип - 6
- Прилеп - 3
- Тетово - 26
- Струга - 5
- Битола - 2
- Охрид - 8
- Гостивар - 8
- Крива Паланка - 1
- Крушево - 1
- Кочани - 1
- Пробиштип - 2
- Македонски Брод - 1
- Свети Николе - 4
- Кичево - 6
- Ресен - 1
Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени лица од: Скопје (48), Тетово (18), Велес (1), Гостивар (1), Кочани (1) и Ресен (1).
Починати се 3 лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Гостивар.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти на возраст од 66 и 70 години. Во ГОБ „8 септември“ почината е пациентка на 63 години по приемот, кај која вирусот е потврден постмортем.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 62 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 20 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, 2 деца позитивни и 3 суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, вкупно хоспитализирани се 94 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 44, а во болницата во Штип се хоспитализирани 47 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар и Струмица се хоспитализирани 110 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
- Чаир – 360
- Аеродром – 166
- Бутел – 156
- Гази Баба – 210
- Центар – 156
- Карпош – 153
- Сарај – 140
- Кисела Вода – 114
- Ѓорче Петров – 111
- Студеничани – 121
- Шуто Оризари – 89
- Арачиново – 46
- Илинден – 34
- Петровец – 18
- Чучер Сандево – 18
- Сопиште – 7
- Зелениково- 13
- Странец – 5
- Нераспределен- 11
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.572, бројката на оздравени пациенти е 3.624, на починати е 362, а во моментов, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.586.