Во најновиот извештај на Министерството за здравство, стои дека во изминатите 24 часа направени се 1.140 тестирања, а регистрирани се 126 новозаболени со КОВИД-19.
Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:
- Скопје - 66
- Куманово - 6
- Штип - 15
- Прилеп - 3
- Тетово - 19
- Струга - 2
- Велес - 2
- Битола - 1
- Кавадарци - 4
- Гостивар - 2
- Пробиштип - 2
- Свети Николе - 1
- Ресен - 3
Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти.
- Скопје - 43
- Штип - 1
- Битола - 1
- Ресен - 3
Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.334, бројката на оздравени пациенти е 2.475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 43 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 23 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, три деца позитивни и четири со симптоми на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 18 нови, вкупно хоспитализирани се 140 пациенти. На респираторна машина се 11 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 45, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на КОВИД-19.