Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие направени се 2.018 тестирања, а има 159 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 45
- Куманово 26
- Дебар 9
- Штип 10
- Прилеп 12
- Тетово 5
- Струга 4
- Велес 4
- Битола 2
- Охрид 2
- Кавадарци 7
- Гостивар 6
- Гевгелија 3
- Струмица 4
- Крива Паланка 6
- Кочани 2
- Пробиштип 2
- Пехчево 3
- Берово 1
- Делчево 3
- Кратово 1
- Свети Николе 1
- Кичево 1
Институтот за јавно здравје регистрира 212 оздравени пациенти од:
- Скопје 35
- Куманово 42
- Штип 49
- Прилеп 3
- Тетово 10
- Струга 2
- Битола 4
- Охрид 1
- Гостивар 45
- Струмица 2
- Крива Паланка 1
- Радовиш 6
- Пробиштип 6
- Македонски Брод 3
- Свети Николе 1
- Кичево 2
Починати се 5 лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се шест пациенти, а вкупно се хоспитализирани 71 пациенти. Од нив, на кислородна поддршка се 41, а нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 15 возрасни пациенти позитивни на КОВИД-19, осум позитивни деца, две мајки и две деца суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 5 нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 108, позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.163, бројката на оздравени пациенти е 10.933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.640.