Америка протестира за смртта на Џорџ Флојд, против полициската бруталност и против расизмот.
Масовните демонстрации во кои се вклучија бројни славни личности започнаа по убиството на Афроамериканецот Џорџ Пери Флојд од страна на полициски службеник во Минеаполис на 25 мај. Пред да издише за последен пат, 46-годишниот маж беше држен повеќе од осум минути легнат на земјата, врзан со лисици, додека полицаец му го притискаше вратот со коленото.
Снимките од очевидците покажуваат дека Флојд многупати повтори „Не можам да дишам“, реченица која подоцна ќе стане и еден од слоганите на протестите заедно со „Black Lives Matters“ и „Justice for George“.
Целта на демонстрантите беше мирно да се протестира, но ситуацијата на моменти ескалираше со насилство. Многу светски медиуми ја прикажуваа „темната страна“ на протестите, без да ги покажат моментите на единство, еднаквост, љубов и поддршка.
Погледнете фотографии кои будат надеж дека светот навистина може да биде подобро место за живеење:
Медицински лица им аплаудираат на демонстрантите
Жена дели бесплатни заштитни маски за да го спречи ширењето на коронавирусот меѓу демонстрантите
Жена им дава бесплатна храна и пијалаци на демонстрантите