Цели две недели, Америка протестира за еднаквост, мир и човечност.
По бруталното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицијата, жителите на Соединетите американски држави го кренаа својот глас против насилството и расизмот под слоганот „Black Live Matters“. Подоцна, протестите се проширија и низ други држави од светот.
Деновиве, бројни славни личности зедоа лично учество во протестите низ САД и во Лондон, додека други ги користеа своите платформи на социјалните мрежи за да зборуваат за трагичната смрт на Флојд.
Џенифер Лопез и Алекс Родригез
Со знак создаден од близнаците Макс и Еми, Џенифер Лопез се вклучи во протестите заедно со нејзиниот свршеник Алекс Родригез.
Мадона
61-годишната пејачка се движеше со помош на патерици заедно со демонстрантите во Лондон. Мадона закрепнува од повреда на коленото од октомври минатата година.
Бен Афлек и Ана де Армас
47-годишниот актер пред неколку дена се приклучи во протестите заедно со својата девојка Ана де Армас.
Пред два дена, тој со актерот Мет Дејмон и нивните деца положија цвеќе за Бреона Тејлор, која беше убиена од полицаец во нејзиниот дом во САД во март годинава.
Софи Тарнер и Џо Џонас
Пинк и Кери Харт
Емили Ратајковски
Кание Вест
Аријана Гранде
Ник Кенон
Холзи
Холзи им помагаше на демонстрантите повредени од страна на полицијата.
Парис Џексон
Ќерката на Мајкл Џексон пред неколку дена учествуваше во протестите во САД.
Џејми Фокс
ICYMI: Actor and activist Jamie Foxx joined a kneel-in with San Francisco community and religious leaders to protest police violence and the killing of George Floyd pic.twitter.com/4WZQ0WWzY7
— Bloomberg QuickTake (@QuickTake) June 2, 2020
Кара Делевин
Џереми Микс
„Згодниот затвореник“ пред неколку дена им се придружи на демонстрантите заедно со синот Џереми Џуниор.
Борис Бејкер
Тениската легенда се вклучи во протестите во Лондон.