Меган Маркл и принцот Хари слават за доаѓањето на свет на нивната ќерка.
Славниот пар сподели дека се чувствува благословено и дека бебенцето се вика Лилибет Дијана Маунтбатен-Виндзор.
„На 4 јуни бевме благословени со раѓањето на нашата ќерка Лили. Таа е многу повеќе отколку што можевме да си замислиме и сме благодарни за љубовта и молитвите кои ги чувствувавме од сите страни на светот. Ви благодариме за непрекинатата љубезност и поддршка во ова време кое е специјално за нашето семејство“ – стои во нивното соопштение.
39-годишната Војвотка се породила во Санта Барбара, а новороденчето тежело 3 и пол килограми.
Со името на девојчето, популарната двојка им оддава чест и на кралицата Елизабета и на покојната принцеза Дијана. Имено, Лилибет е прекар на Кралицата, кој најмногу го користел нејзиниот сопруг, принцот Филип. Средното име Дијана е во чест на мајката на Хари, принцезата од Велс.
Ова е второ дете на Меган и Хари. Тие се родители и на 2-годишниот Арчи.