Ќеркичката на Меган Маркл и принцот Хари наполни една година.
По повод роденденот, 37-годишниот британски принц и 40-годишната војвотка споделија слатка фотографија од малата Лилибет.
На неа, црвенокосото девојче се смешка облечено во сино фустанче.
Фотографијата била направена од пријател на кралскиот пар на малата роденденска прослава која беше организирана изминатиот викенд за време на нивната посета на Лондон.
Меган и Хари со децата Лилибет и Арчи ја посетија Велика Британија за јубијелот на кралицата Елизабета II.