Само неколку денови по влегувањето на листата на највлијателни личности на светот, Меган Маркл и принцот Хари го започнаа првото работно патување откако се дистанцираа од британското кралско семејство.
Славната двојка престојува во Њујорк, каде остварува средби со видни личности од општествениот и политичкиот живот.
40-годишната Војвотка и 37-годишниот Принц имаа можност да уживаат во опсерваторијата „One World“ заедно со градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, неговата сопруга Ширлејн и нивниот син Данте.
Двојката избра темни стајлинзи, прикладни за посетата на споменик во чест на жртвите од терористичкиот напад на САД на 11 септември 2001 година.
В сабота, парот се очекува да присуствува на настан на организацијата „Global Citizen“, за да ја истакне важноста на глобална еднаквост кога станува збор за вакцинирањето против КОВИД-19, сè со цел пандемијата да заврши што поскоро.