Почетна » Новости » Актуелно » Меган Маркл за кралицата Елизабета: „Горда сум што имав таква топлина со матријархот на семејството“

Меган Маркл за кралицата Елизабета: „Горда сум што имав таква топлина со матријархот на семејството“

Меган Маркл сними фотосесија за списанието Variety, а во интервјуто зборуваше на повеќе важни теми.

41-годишната Војвотка позираше во елегантни креации пред објективот на фотографката Рамона Росалес.

Меган Маркл

За тешките моменти по смртта на кралицата Елизабета II, Меган изјави: „Имаше толку голем излив на љубов и поддршка. Благодарна сум што можев да бидам со мојот сопруг да го поддржам, особено во тој период. Убаво е да се погледне отпечатокот кој неговата баба го остави на повеќе фронтови. Секако, во однос на женското лидерство, таа е најсјајниот пример како тоа изгледа. Чувствувам длабока благодарност што успеав да поминувам време со неа и да ја запознаам. Комплицирано време е, но мојот сопруг, кој секогаш е оптимист, рече: ‘Сега таа е повторно обединета со својот сопруг’.“

„Се потсетив на нашиот прв заеднички јавен настан, колку беше специјално. Се чувствувам како среќничка. Горда сум што имав таква топлина со матријархот на семејството“ – дополнила Маркл.

Меган Маркл Меган Маркл

На прашањето: „Дали некогаш би помислила да се вратиш на актерството?“ Меган одговори: „Не, завршив со тоа. Претпоставувам никогаш не се вели никогаш, но немам намера да се вратам“.

Што ќе им речеш на децата ако на 10 или 15 години дојдат и ти откријат дека сакаат кариера во забавната индустрија?

„Ќе речам ‘Супер!’. Кога си родител, искрено сакаш децата да ги најдат нештата кои им носат радост. Тие се наши деца и се дел од наследство, традиција и семејство кое ќе има други очекувања. Но, јас сакам тие да можат да го оформат нивниот пат“.

Меган Маркл Меган Маркл

Меган откри дека со Хари работат од дома и е среќна што тоа им дозволува да минуваат повеќе време со децата. „Ние делиме канцеларија. Работиме од дома, како што почнаа повеќето луѓе за време на карантинот. Тоа ни дозволува да поминуваме значително време со нашите деца во овој посебен период од нивните животи. Никогаш нема да го вратиме ова време“ – вели таа.

Меган Маркл Меган Маркл

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19758 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.