Министерството за здравство објави дека во изминатото деноноќие се направени 3.342 тестирања, а има 725 новоинфицирани со новиот коронавирус SARS-CoV-2.
Според местото на живеење, новозаболените со КОВИД-19 се од:
- Скопје 274
- Прилеп 79
- Кавадарци 55
- Тетово 39
- Куманово 34
- Охрид 29
- Гевгелија 26
- Неготино 25
- Велес 24
- Штип 20
- Гостивар 18
- Битола 16
- Струмица 13
- Кочани 12
- Струга 11
- Крива Паланка 11
- Богданци 6
- Крушево 5
- Ресен 4
- Свети Николе 3
- Делчево 3
- Пробиштип 3
- Виница 3
- Валандово 3
- Кратово 3
- Демир Капија 3
- Кичево 2
- Берово 1
Починати се 13 лица, по 4 пациенти од Скопје (85г, 78г, 72г, 64г) и Куманово (70г, 63г, 57г, 50г) и по еден пациент од Тетово (66г), Прилеп (72г), Битола (71г), Велес (75г) и Пробиштип (83г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.
Регистрирани се 215 оздравени пациенти од:
- Скопје 125
- Прилеп 19
- Кавадарци 13
- Струмица 9
- Велес 6
- Битола 5
- Тетово 4
- Куманово 4
- Неготино 4
- Гевгелија 3
- Делчево 3
- Демир Капија 3
- Кичево 3
- Радовиш 3
- Гостивар 2
- Ресен 2
- Пробиштип 2
- Демир Хисар 2
- Кочани 1
- Крива Паланка 1
- Виница 1
Досега во земјата се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.