Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа направени се 870 тестирања, а регистрирани се 176 новозаболени со КОВИД-19.
Според местото на живеење, новозаразените со коронавирусот се од:
- Скопје - 61
- Куманово - 8
- Дебар - 1
- Штип - 14
- Прилеп - 5
- Тетово - 22
- Струга - 19
- Велес - 5
- Битола - 3
- Охрид - 14
- Гостивар - 7
- Струмица - 1
- Кочани - 2
- Пробиштип - 1
- Демир Хисар - 1
- Пехчево - 1
- Кичево - 6
- Ресен - 5
Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.
Во ГОБ „8 септември“ починати се седум лица од Скопје, двајца пациенти на возраст од 62 години, останатите на возраст 56, 59, 74, 88 и 73 години.
Во КБ Тетово е починат еден пациент на возраст од 79 години. Во денешната статистика е евидентиран и пациент од Струга починат во „Филип Втори“ (Жан Митрев) на возраст од 84 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 80 оздравени пациенти од:
- Скопје 5
- Куманово 1
- Штип 18
- Тетово 30
- Битола 2
- Гостивар 8
- Гевгелија 1
- Струмица 1
- Кочани 8
- Берово 1
- Валандово 2
- Кичево 1
- Ресен 2
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 98 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле има 19 возрасни позитивни пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 8 нови, вкупно хоспитализирани се 129 пациенти. На респираторна машина се 9 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 80 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.
Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на КОВИД-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на дијагностицирани со КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.