Почетна » Новости » Актуелно » За пофалба: Лицата со попреченост и лицата без родители се ослободени од партиципација за студирање во Македонија

За пофалба: Лицата со попреченост и лицата без родители се ослободени од партиципација за студирање во Македонија

Лицата со попреченост, лицата без родители, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди ќе бидат ослободени од партиципација за студирање во Македонија.

Во координација со Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, Владата донесе Уредба за правата на лицата со попреченост и други лица да бидат ослободени од партиципација за студирање.

Со оваа Уредба, Владата овозможи сите лица со попреченост запишани на прв, втор и трет циклус на студии на јавните високообразовни установи, да бидат ослободени од партиципација.

Студент

Со ова им се овозможува на лицата со попреченост да ги остварат сопствените потенцијали и личен развој и на еднаква основа со сите други граѓани да бидат вклучени во високообразовните процеси, а за образовните институции е поттик да ги прилагодат условите и програмите за образование за овие наши сограѓани.

На тој начин лицата со попреченост развиваат компетенции согласно сопствените преференции и стануваат конкурентни на пазарот на трудот.

Освен сите лица со попреченост, од партиципација за студирање се ослободуваат и лицата со статус на деца без родители и родителска грижа, невработените родители на деца и лицата со статус воени инвалиди.

За остварување на ова право, подносителот доставува барање со наод и мислење од Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје по основите на Меѓународната класификација на функционалноста (МКФ), како нов модел произлезен од реформата што ја спроведе Националното координативно тело за спроведување на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, со која се исклучува досегашниот медицински модел на категоризирање наспроти проценка на функционалните можности и капацитети на лицата со попреченост.

Студент

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19760 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.